large.jpg
Секој пат кога ќе се почувствуваш лошо и навреден од некого. Кога целата среќа и волја ја губиш само поради тој некој човек.
Се прашуваш зошто? Нели?.. Еве и јас ќе те прашам. Зошто? Но, знам дека го немаш одговорот бидејќи спие во тебе и не се ни трудиш да го ослободиш. А во такви моменти не си способен да направиш ништо.. И се прашуваш до кога вака? Смачено ти од се! Не ти се живее. Дозволуваш да те напаѓаат, молчиш и не се браниш. Зарем тоа е нормално?
Ти , да, тебе ти се обраќам.. Зошто ги стегаш солзите во твоите очи наместо да му дозволиш да паѓаат по твоето лице? Да се ослободат, да ја исфрлат нечистотијата што си ја собирал со недели или месеци во себе. Зошто самиот на себеси дозболуваш душата да не може да ти дише слободно туку ги потиснуваш сите емоции? Зошто дозволуваш да бидеш туѓ заробеник и управуван од некои туѓи луѓе?
Па, тоа е твој живот. Земи го во свои раце, грабни го.. Управувај со него како што би управувал со автомобилот за кој сонуваш дење и ноќе.Ослободи ја душата. Биди слободен и летај како птица. Ќе се обидуваат да пукаат во тебе,  но нема да успеваат се додека ти леташ нагоре и нагоре без престан и без да гледаш надолу. Нека не ти е гајле што зборуваат околу тебе. Тие зборуваат од што немаат друга работа во нивниот беден живот. Такви се луѓето од корен, а коренот ако се обидеш да го повредиш, дрвото  ќе се исуши и ќе скапи.
Немој да дозволиш твоите сонови (желби) да лежат под земја, разбуди ги, навади ги со ладна свежа вода, нека растат. Се поголеми и поголеми! Затоа што нашиот најголем сон (животот) кој го живееме не може да се развива без тие сонови и тие дрвја што може да се исушат само со допир.